Челси го претстави Кукуреља

По еднонеделна неизвесност, Челси успеа да го финишира трансферот на Марк Кукуреља, точно на денот на кој почнува новата сезона од Премиерлигата.

Левиот бек од Брајтон дојде за сума од 62 милиона фунти, односно 55 милиони сега и дополнителни седум во форма на бонуси. Тоа претставува највисока сума платена за еден лев бек во историјата, и секако рекорден трансфер за Брајтон. Покрај парите за Кукуреља, Брајтон го доби и 19-годишниот дефанзивец Ливај Колвел од Челси на едногодишна позајмица, без опција да биде купен.

Неговиот трансфер беше најавен уште на почетокот на неделава од познатиот италијански новинар Фабрицио Романо, но Брајтон излезе со соопштение на Твитер пред два дена, дека тоа не е вистина, за сега, сепак, да брои рекорден влез на пари во клуспката каса.

Кукуреља има 24 години и беше еден од најдобрите леви бекови во Премиерлигата минатата сезона, поради што Тухел се заинтересира и го врза со договор до јуни 2028 година. Ова значи дека Маркос Алонсо може слободно да биде продаден, според најавите на Барселона, бидејќи Челси минатата сезона купи уште еден лев бек, Бен Чилвел, кој сепак не се изнаигра поради повреди. Челси ова лето се засили уште и со Рахим Стерлинг, Калиду Кулибали и со Карни Чуквуемека.