ВИДЕО| Ве експлозијата во Ереван најмалку тројца загинати и 27 исчезнати

Градските власти на ерменската престолнина Ереван објавија во неделата вечерта дека 27 луѓе се водат како исчезнати по силната експлозија во трговскиот центар „Сурмалу“.

„Според податоците до овој момент во експлозијата во трговскиот центар ‘Сумарлу’ загинаа три лица, 61 е повредено а 27 се водат како исчезнати“, објави на социјалните мрежи портпаролот на ереванските власти Левон Сардарјан.

Ерменското министерство за здравство претходно во неделата објави дека меѓу настраданите има и 12 малолетници. Едно дете е на оддел за интензивна нега, додека другите се отпуштени по укажаната медицинска помош.

Силна детонација рано претпладнето во неделата го потресла трговскиот центар „Сурмалу’. Според градските власти на Ереван, експлозијата се случила во продавница со пиротехнички материјали, по што настанал пожарот. Сепак, официјално причината за инцидентот сѐ уште не е позната.

Според локалните медуими, од детонацијата и пожарот се урнала зградата во којашто се наоѓала продавницата. Се стравува дека под урнатините сѐ уште има луѓе, чијашто судбина засега е непозната.