Борел: Повеќето држави во нуклеарните преговори со Иран се согласуваат со предлогот на ЕУ

Повеќето држави вклучени во нуклеарните преговори со Иран се согласни со предлогот на Европската унија чијашто цел е да се спаси нуклеарниот договор од 2015 година, изјави во вторникот високиот претставник на ЕУ за заедничка надворешна и безбедносна политика, Жозеп Борел.

„Повеќето од нив се согласуваат, но сѐ уште нема одговор од САД, за кои разбирам дека мораат за тоа да разговараат и очекуваме дека во текот на оваа седмица ќе го добиеме одговорот“, рече Борел за шпанската национална радиотелевизија TVE.

Борел рече дека Иран побарал неколку прилагодувања на предлогот на ЕУ, кој не е јавно објавен а следеше по 16 месеци повремени индиректни иранско-америакнски преговори со посредство на Европската унија.

Претходно во понеделникот Борел рече дека смета оти е „разумен“ одговорот кој го добил од Техеран.

Иран преговара со петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН, плус Германија и ЕУ, за заживување на нуклеарниот договор од 2015 година, од кој САД се повлекоа во 2018 година еднострано се повлекоа со барање да биде проширен и на иранската ракетна програма.

САД еднострано се повлекоа од иранскиот договор во мај 2018 година и го вратија децениските санкции против Иран, барајќи нов договор во кој ќе биде опфатена и иранската ракетна програма. Потоа Техеран, откако европските потписнички на договорот – Велика Британија, Германија и Франција не можеа да гарантираат заштита од американските санкции на иранската економија и ги повлекоа своите големи инвестиции од земјата, започна со постепено суспендирање на одредени свои обврски од договорот. Во прв ред тоа се однесување на нивото и количеството на збогатениот ураниум, што ги предизвика стравувањата дека Иран многу набрзо може да дојде до нивото од кое е лесно да се произведе никлеарно оружје.

Се чинеше дека договорот од 2015 година е речиси заживеан во март по 11-те месеци индиректни преговори меѓу Иран и администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден водени и Виена. Меѓутоа, разговорите беа прекината откако Техеран бараше Вашингтон да даде гаранции дека ниеден претседател на САД нема да се откаже од договорот како што беше сторено претходно. Од Вашингтон одговорија дека Бајден не може да даде тавки цврсти гаранции, бидејќи не станува збор за правно обврзувачки договор.