Маричиќ: Бизнис секторот ја има клучната улога во усогласувањето на економските ЕУ регулативи и стандарди

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ учествуваше во четвртокот на редовната седница на Комисијата за јавно-приватен дијалог, со која претседаваше заменикот на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, на која го објасни скрининг процесот на претставниците на Стопанските Комори и нивната улога во процесот на пристапните преговори со Европската унија.

„ Учеството на Стопанските комори во пристапните преговори, ќе биде клучно, бидејќи со специфичното знаење и искуство што го има бизнис секторот, може многу да придонесе за подобрување на политиките и побрзо усогласување со  ЕУ регулативите и ЕУ стандардите, кои ќе бараат и човечки и финансиски капитал, но и нова технологија3, рече вицепремиерот Маричиќ.

Вицепремиерот, исто така, на состанокот посочи дека пред нас е динамичен процес во кој ќе бидат поставени барања и структурни промени, кои нè очекуваат во процесот на пристапување, како и по влезот во ЕУ.

„Една од најважните цели на економската политика во наредниот период мора да ни биде зајакнување на конкурентноста на економијата со цел да се подобри нејзината способност да ги издржи притисоците на конкуренцијата во Европската унија“, рече вицепремиерот Маричиќ..

Потенцираше дека  учеството на Стопанските комори во пристапните преговори, ќе биде клучно, бидејќи со специфичното знаење и искуство што го има бизнис секторот, може многу да придонесе за подобрување на политиките и побрзо усогласување со  ЕУ регулативите и ЕУ стандардите, кои ќе бараат и човечки и финансиски капитал, но и нова технологија.

Маричиќ изрази верување дека заеднички ќе успееме да ги надминеме предизвиците кои нè очекуваат во претстојниот интензивен период и дека успешно ќе се завршиме преговарачкиот процес, кој ќе значи членство во Унијата и отворање на нов пазар, укинување на царинските бариери и пристап до сите фондови на ЕУ, потенцирајќи дека и државата и граѓаните го заслужуваат тоа.

Вицепремиерот ги продолжува консултациите и во наредниот период ќе се работи на идентификување на луѓе, експерти кои ќе можат да се вклучат и со својата стручност и знаење да придонесат во преговорите. Дел од овој процес ќе бидат не само луѓето кои веќе се дел од администрацијата, туку и експерти од надвор, со цел навремено информирање и креирање политики дома согласно политиките на ЕУ, за полесно трансферирање во нашиот систем.