Американските потрошувачи поради инфлацијата остро го намалиле купувањето облека, што ги поттикна трговците да ги намалат цените за да се отарасат од залихите.
На почетокот од август извршните директори на американските малопродажни гиганти „Walmart“ и „Target“ биле присилени да воведат големи попусти и да ја намалат понудата.
До другите модни синџири „Victoria’s Secret“, „Urban Outfitters“ и „Kohl’s“ претходно седмицава соопштија дека купувачите купуваат само одредена вид облека. Иако не наведоа примери, забележуваат дека купувачите, сепак, се фаќале за паричникот само доколку цената била поволна.
Покрај тоа, од „Victoria’s Secret“ и „Urban Outfitters“ известија дека бележат пад на продажбата на стоковите марки прилагодени за помладите потрошувачи. Така линијата „PINK“ на „Victoria’s Secret“, наменета за тинејџери и помлади жени, забележала послаба продажба во вториот годинешен квартал од брендовите за долна облека и ноќници.
„Ќе бидеме многу претпазливи при набавката на облека за втората половина од годинава“, изјави во четвртокот главниот извршен директор на „Victoria’s Secret“, Мартин Ватерс.
Младите коминтенти на „Urban Outfitters“ со „потенок“ буџет се откажале од купување облека по полна цена и ги чекале „промотивните понуди“, изјави во вторникот извршниот директот на компанијата Ричард Хајн.
Од „Kohl’s“ соопштија дека продажбата на облека за деца забележала пад во второто тримесечје, бидејќи дизајнот бил „премногу помоден, недоволно базичен“, додека продажбата на женска облека била подобра од другите категории.
Извршната директорка на „Kohl’s“, Мишел Гас, ги истакна нарушувањата во набавките кои предизвикале хаос и распоредот на пласманот на облеките. И во „Walmart“ и „Target“ наведуваат дека тешко ја продаваат облеката која стасала кај нив со неколку сезони задоцнување, па решиле агресивно да ги намалат цените.
Светла точка била продажбата на модерна женска облека, додаваат од „Target“.
Аналитичарката на „Jane Hali and Associates“, Џесика Рамирез, изјави дека забележала големи намалување на цените на брендовите „Gap“ и „Old Navy“, додека поскапата марка на елегантна деловна облека „Banana Republic“ успеала да продаде повеќе парчиња облека по редовна цена.
И од „Macy’s“ и „Kohl’s“ ја истакнуваат солидната побарувачка на елегантна и деловна облека, наведува Reuters.