![alkohol1](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/09/alkohol1.jpg?resize=696%2C391&ssl=1)
При спроведување на акциска контрола во Битола за санкционирање на точење на алкохолни пијалоци на деца на 02/03.09.2022 во времето од 22.00 – 02.00 часот, констатирано е дека од страна на вработено лице во колонијална продавница лоцирана на ул„Климент Охридски“ во Битола послужен е малолетник со алкохолен пијалок, информира МВР.
Од страна на полициски службеници од ОКП – Отсек за општ криминал при СВР Битола ќе биде поднесена соодветна пријава.
Контролите интензивно продолжуваат и во нареден период.