Москва порача дека Европа самата е виновна за прекин на испораките на гасот

LFR

Русија ја обвинува Европската унија за запирање на испораките на гасот преку гасоводот Северен тек 1 до Германија односно земјите членки на блокот, пренесуваат во неделата руските агенции цитирајќи ги портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, и вицепремиерот Александар Новак.

Во телевизската емисија „Москва. Кремљ. Путин“, емитувана на телевизијата Россия-1, Песков ја обвини Европската унија дека носи „апсурдни одлуки“.

„Доколку Европејците донесуваат апсолутно апсурдни одлуки, без разлика дали ги одржуваат своите системи или системите на Газпром“, тогаш вината не лежи на Газпром, туку на политичарите кои одлучиле да ги воведат санкциите“, рече портпаролот на Кремњ.

Песков посочи дека европските компании со договор се обврзани да ги одржуваат системите на рускиот енергетски гигант „Газпром“.

„Газпром“ во петокот вечерта објави дека нема да ги продолжи испораките на природниот гас во Германија преку Северен тек 1, поради истекувањето на масло на компресорската станица „Полтоваја“, единствената гасна турбина којашто е во функција на овој гасовод.

Претходно во неделата германскиот канцелар Олаф Шолц, оправдувајќи го енормниот скок на цените на енергијата во Германија, обвини дека „Путиновата Русија ги прекршила договорите, веќе извесно време не ги исполнува обврските за испораките“, како и дека „повеќе не е сигурен добавувач на нергија“.

Германската влада смета дека изговорот на „Газпром“ е лажен бидејќи компанијата „Siemens“ тврди дека течењето на маслото може рутински да биде отстрането и не е причина за прекин на испораките. Но руската компанија потсетува дека има договор за одржува со германскиот концерн, како и дека „Siemens“ нема можност да ги поправи преостанатите пет гасни турбини кои треба да бидат ремонтирани, бидејќи не ја приложува документацијата дека тие при враќање ќе бидат изземени од санкциите на ЕУ и на Велика Британија и Канада.

Идентично размислување како и Песков, искажа во истата емисија и рускиот вицепремиер Александар Новак, според кој запирањето на Северен тек 1 доаѓа „исклучително поради дејствијата и санкции на западните земји и Европската унија“, бидејќи ги прекршиле условите од договорот за ремонти и одржување на гасоводот.

„Постои една таква фраза за префрлање на вината… сега целиот проблем лежи на другата страна, бидејќи сите услови од договорот за поправка се целосно прекршени, условите за транспорт на опремата се прекршени“, вело Новак,

„Покрај тоа, санкциите беа наметнати и од Канада и од страна ЕУ за опремата, така што тие треба да ги усогласат (своите активности) со условите од договорот со цел оваа опрема навистина да продолжи со работа“, додава рускиот вицепремиер.