Полицијата трага по 15-годишно девојче од општина Илинден

Во неделата околу 13,30 часот во Полициското одделение Петровец, 33-годишната од селото Марино, општина Илинден, пријавила дека од куќа во селото Кадино, каде престојувала, се оддалечила нејзината ќерка Б.С.  на 15-годишна возраст.

Таа и претходно се оддалечувала од домот и била враќана назад.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.