Утрово, ненадејно почина Андон Бошковски (47), еден од најдобрите ракометни тренери во нашата држава.
Тренерската кариера ја започна во клубот Работнички. Во 2004 година премина во тогашниот амбициозен проект на Металург, преземајќи ја улогата на помошник тренер. Со Металург ја освои Суперлигата и учествуваше во Лигата на шампионите, пред да се пресели во Богданци, каде се задржа само една година. Потоа се врати во Металург каде што остана до 2011 година.
Бошковски имаше кратко меѓународно искуство како тренер женскиот ракометен клуб од Романија, ЦСМ Роман во 2016 година, пред да се врати во Македонија како тренер на РК Еурофарм Работник. По Битола седна на селекторската клупа на Грузија, а потоа ги водеше екипите на Струга, Голден Арт, Радовиш и Пролет. Негов последен клуб е косовски Вучитрн.