Да се сфати Путин сериозно, не е знак на слабост туку политичка мудрост

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел на настан во Берлин рече дека треба да се создаде „простор за маневрирање“ за Европа да преговара со Владимир Путин, но и дека зборовите на рускиот лидер не се блеф, јавува Блумберг.

– Сфаќањето на зборовите на Путин сериозно, не отфрлајќи ги од самиот почеток како да се блеф, но на сериозен начин да се занимаваме со нив, не е знак на слабост или смирување, туку доказ за политичка мудрост – рече Меркел доцна во вторникот на настан во Берлин, во ретка изјава за јавноста откако таа ја напушти функцијата на крајот на минатата година.

– Мудрост која придонесува за одржување простор за маневрирање или, барем исто толку важно, дури и за создавање повеќе простор – додаде таа.