Белорускиот активист Алес Бјалиатски, руската група за човекови права Меморијал и украинската организација Центар за граѓански слободи се добитници на Нобеловата награда за мир за 2022 година за нивните напори да документираат кршење на човековите права, објави норвешкиот Нобелов комитет.
Нобеловата награда за мир од 1901 година секоја година се доделува во Осло, а ја доделува Шведската кралска академија.
Одборот кој одлучува на кого ќе му биде врачена оваа награда е составен од пет членови, кои ги бира норвешкиот парламент на секои шест години. Иако никаде не е одредено дека членовите мора да бидат Норвешани до денес сите членови на комитетот биле норвешки државјани.