Турција го уапси осомничениот за убиството на бугарскиот пограничен полицаец

Амбасадорката на Турција во Софија, Ајлин Секизкок, го информираше бугарското минситерство за внатрешни работи дека нејзината земја го привела извршителот на пукањето на границата со Турција, во кое загина бугарски граничен полицаец.

Турската амбасадорка Секизкок во интервју за БНТ изјави дека истрагата на турското обвинителство веќе е започната и на границата има голема екипа која работи на сите можни верзии.

Според неа, треба да се разјасни дали навистина станува збор за пукање при трговија со бегалци.

Амбасадорката Секизкок вели дека за Турција односите со Бугарија на темата „Безбедност“ се клучни и дека се исклучително задоволни од постигнатото како резултат на соработката меѓу двете соседни земји.

Таа додаде дека Турција прави сѐ што е можно за да ги зајакне границите.

Секизкок не ја кажа националноста на извршителот на убиството на бугарскиот граничен полицаец.