Крај на колумната
Однапред пред моите заклучоци се извинувам на Вас драги читатели на моите кочијашки, а искрени забелешки.
Заклучок.
Во 2006-та година еден господин со име Орце од Прилеп (се надевам дека е жив и здрав) како претставник на кабелските оператори ми даде една убава насока велејќи ми: Виктор во 2002 година телевизиите беа газди над нас, сега во 2006-та сме исти, а по 10 години ние мораме да бидеме партнери.
Последен другарски поздрав односно предупредување до т.н национални телевизии. Ако се паметни кабелските оператори кои владеат со 98% од домаќинствата, од пет алтернативи по приоритет веднаш би ја презел петтата. Исклучување на Сител, Канал 5 и АлСат-М до даљнега и после три месеци би им пуштиле на газдите на Телма и Алфа, колкава е гледаноста. Последниве во нагорна линија, а другите во телевизиски заборав. Тоа јас веќе го доживувам. На Тотал ТВ немам можност да гледам Канал 5 И АлСат-М. Да не мислат дека ќе го барам Коко Тасев (директор на Тотал ТВ) да го бричам на суво. Апсолутно не. Ништо не ми значат. Апсолутно можам без нив. Само да им напоменам изгубија преку Тотал ТВ околу 85.000 гледачи. А, ако потценуваат да продолжат да читаат.
Затоа препорака со две поговорки од Карпош 1:
- Нешто до крај и душа у рај не идат заедно
- Лаком задник. Три нешта јаде
П.С.1
Збунетоста на амбасадата на САД јас лично како Виктор ја разбирам дека со други зборови е ОГОРЧЕНОСТ и дека Ви дава рок господа политичари со „облигаторна рекомендација“ (во превод мора да исполниш) да престанете да крадете. Замислете кога Американците ќе го дознаат истото што јас сум го дознал, а тоа е: Која фирма ги сервисира борбените возила на армијата на Македонија, а сето тоа под покритие на паролата „ние сме НАТО“? Славјанка Петровска тек ќе дознае како функционира кога ќе ги правиш будали сопствениот народ и нејзиниот најголем пријател САД. Ла документацион из авелибл сестро. Ковачки из литл бој за фајндинг информации.
БТР 70 е најдобро борбено возило на планетата и да од руско потекло е. Ама Американците имаат став за таа работа. И тоа кога ќе стане возилото нефункционално тогаш од кај нас купувате. Да знае министерката опасна што збориме. Патем знаат и некои медиуми. Само полека.
Почеток на колумната
За да може да се разбере за каков сталинизам и ренесанса се развива многумина во оваа држава неможат да разберат една проста филозофија.
„Кога повикуваш дожд, мора да бидеш спремен и на калтта“.
И
Паднаа стомните… се скршија, а водата сребрена потече под копитата, под калта на која се лизгаа копитата на коњот, оптегнати наназад, коњот закочи во место, за да се наведне јавачот…
Радојка Трајанова 2008 година „Ветришта“.
Впрочем многумина лажат и мислат дека нивната лага е толку голема што не разбираат дека тоа е краткотраен процес. Би сакал да Ви предочам неколку вистини.
Вистина прва. За разлика од големите лажговци од СДСМ и нивните полтрончиња кои велат дека само они биле за Европската Унија и дека ние сите сме биле анти НАТО и анти ЕУ, односно русофили, зошто сме биле против Бугарите. Јас на пример имам синонимен речник на бугарскиот јазик. Па, би го прашал нашиот премиер Димитар Ковачевски-Таче кога е спремен да идеме до Софија, Р. Бугарија да купиме бугарско-македонски речник во 100 лекции. Едноставо нема таков речник. Едноставно нема ништо на македонски јазик. Таче појма нема од историја.
Вистина Втора. Најголем џган на политичката сцена е сепак ЉуБчо од ВМРО-Народна. Од премиер сега бил бизнисмен. Од каде ли му се парите? Ај тоа, па уште излегува кај уште еден џган ама новинарски и лаже за историски факти. Епа, ЉуБчо бичко една да ти кажеме ние искрените патриоти. Кога збориш дека Бугарите многу ни помогнале при повлекуквањето на најопасната армија во втората светска војна на фашистичка Германија групата „Е“, мора да знае целата наша нација дека само гарнизонот од Прилеп се приклучил на партизаните од Македонија при повикот на новата бугарска комунистичка власт, сите други биле претходно освоени или од Македонците или од Германците. Ете така лажго еден, ќути дур не дошле вистинските патриоти по твоето богатство.
Вистина трета. Кога слушате за медиумите Ве уверувам дека сте ги прочитале најголемите лаги на светот. Најголемото правило за медиумите е дека мора да внимаваат за јавно изнесен збор. И не само тоа, туку да бидат свесни за последиците кои можат да ги предизвикаат.
На пример: Сашка Цветковска во период на пандемија изнесе лаги за т.н медицински препарат дека е фалсификат, преку МРТВ во ударен термин од 20 часот. Тоа согласно законот се вика ширење паника, а казната е затвор.
Сепак би сакал овој дел од колумната да го искористам за некои нешта за граѓаните, а богами и политичарите да бидат појасни. Тоа нормално во неколку точки.
- Од 1990 година постојат приватни и државни медиуми. Во Македонија први се следниве: Телевизија Теко на Перо Варадинов и Миле Кокотов, Радио Канал 77 на Горан Гаврилов и Кабелски оператор Роби. Сите од Штип
- Сите државни телевизии во Европа е научно докажано дека имаат најмногу 7% гледаност, останатите 93% припаѓа на приватниот сектор. Истото важи и за радиото.
- Национални државни кампањи постојат секаде. За тоа одлучува посебно тело составено од професионалци кои се занимаваат со социјални и културни проблематики. Таков кадар е Тања Стојановска Иванова. Политиката може само да гледа и евентуално да клима со главата.
- Национална телевизија е онаа која допира до 80% од домаќинствата, а во исто време покрива и 80% од населението во Македонија. Такви телевизи постојат 9 (девет), а не 5 (пет) како што сака да се претстави. Така да другари од власта парите предвидени за национални телевизии се делат на повеќе субјекти. Патем да не заборавите дека има и регионални и локални телевизии.
- Патем кога се делат државни национални кампањи веднаш мора да се земе во предвид како се дели рекламен колач во кој учествуваат: телевизии, радија, интернет сајтови, печатени медиуми, билборди, социјални мрежи, флаери и друг вид на кампањи (скали во трговски центри на пример)
- Печатените медиуми во огромен број изгубија читатели зошто никогаш не ја разбраа следнава вистина од 2004 година. На времето во Пелистер (култен угостителски објект во Скопје) се одеше со весник под мишка, сега се оди со лап топ во торба, а за краток период се’ ќе се чита од паметен телефон. Тоа се случи.
- Интернет сајтовите конечно после 15 години агонија и демократско сталинистичка анархија се освестија. Релевантните сакаат да воспостават ред во нивното правно сметководствено делување. Иако имам цела стратегија, им препорачувам да се држат до следниве неколку правила:
- Дозволена и забранета сопственичка структура
- Медиумска концентрација во делот на маркетинг и влијание врз општеството
- Признавање дека се и аудио-визуелен медиум
- Начин на мерење на читаност и гледаност
- МИА не е главен извор за украдени информации. Од нив се превземаат само насоки што се случило. 25 % од текст на објавена информација
- Агрегаторите мора да објавуваат информации од секого посебно согласно признатата временска зона за Македонија по принципот кој е прв
- Регистрирање на сајт во други држави незначи апсолутно ништо. Ако го нарушуваш законот се соочуваш со мерки согласно законодавството на Македонија. Со прости зборови нема бегање. Посебно ако емитуваш филмови. Казната е минимум 6 (шест) месеци затвор.
Сепак за најголемо жалење се оние нашине ТВ директори кои не разбираат дека законот не е сменет цели 17 години. Па, зарем е возможно да не гледаат што се случува на пазарот. И наместо да бараат партнери тие бараат непријатели. Навистина мислам дека се малку будали. Ќе тужеле за пиратерија. Па, имаат 120.000 претплатници кои не се регистрирани, а се појавуваат во извештаите. Па, зарем не прочитале дека нивните дозволи се дадени само поради тоа што се сложиле дека сите граѓани во оваа држава имаат право на нивен слободен прием, без разлика преку каков сигнал доаѓаат.
Затоа драги мои читатели донесов заклучок кој можеби нема да им се допадне. Вратете се на почетокот од текстот.
Автор: Виктор Грозданов за НетПрес