Европската комисија го презентираше својот предлог за нови правила во цела ЕУ за да се намалат пакувањата кои создаваат непотребен отпад.
Со новите правила кои ги предлага Европската комисија целта е да се олеснат информациите кои ги добиваат потрошувачите и индустријата во однос на биоразгрдлива пластика, а се воведува и нова ЕУ рамка за сертификација на високо квалитетно отстранување на карбон, но на доброволна база.
Ова, смета Европската комисија, ќе биде важен дел од нејзиниот Зелен Договор и Планот за циркуларна економија за постигнување на климатските амбиции на ЕУ.
Според студиите европските граѓани во просек генерираат 180 килограми отпад од пакувања, и доколку не се преземе ништо оваа бројка ќе достигне 215 килограми до 2030 година.
Со овие нови правила Европската комисија е уверена дека ќе се стопира овој тренд и ќе се обезбеди рециклирано пакување и ќе се намали непотребното пакување. Што се однесува до доброволната рамка за сертификација на отстранување на карбон, предлогот ќе поттикне иновација во областа на технологиите за отстранување на карбон во земјоделството и ќе придонесе за нула загадување.