Медиуми: Бајден му испрати сигнал на Зеленски, чии изјави предизвикуваат несогласување во Вашингтон

Западните политичари ја сфатија емотивната изјава на украинскиот претседател Володомир Зеленски по падот на украинската ракета во Полска како обид да се разгори конфликт меѓу НАТО и Русија, пишува весникот The Wall Street Journal, додека магазинот Time објави дека американскиот претседател Џо Бајден му испратил сигнал на украинските челник за неопходноста да започен преговори со Москва.

Вечерта на 15-ти ноември, ракета падна на територијата на Полска, Лублинското војводство близу границата со Украина, при што загинаа две лица. Првично Варшава и Киев тврдеа дека станува збор за проектил истрелан од Русија. Но многу брзо, американскиот претседател Џо Бајден од самитот на Г20 на Бали издаде итна објава во која наведе дека американските сознанија не го потврдуваат таквото тврдење. Набрзо и полскиот претседател Анджеј Дуда излезе со тврдењето дека најверојатно станува збор за украински противвоздушен проектил, наводно истрелан за пресретнување руска ракета, но Москва објави дека тој ден неизведувала никакви воздушни и ракетни удари врз украинската престолнина Киев и регионот близу границата со Полска. Сепак, највисоките функционери во Украина, вклучително и Зеленски, инсистираат дека проектилот не е истрелан од украинската војска.

„Она што се случи таа ноќ ги разоткри тензиите кои беа присутни од почетокот на конфликтот: додека Киев се надева дека ќе ја зајакне улогата на НАТО во Украина, Вашингтон и неговите европски сојузници се решени да избегнаа чекори кои би можеле да предизвикаат директен судир меѓу Алијансата и Русија“, пишува WSJ кој за темата се консултирал со влијателните политички аналитичари и коментатори Ненси Јусеф, Лоренс Норман и Дру Хиншо.

Според нивните процени, привичните изјави на украинската страна го открија „едно од најострите несогласувања меѓу Украина и САД“.

„Некои европски и американски функционери сѐ уште се прашуваат дали Зеленски и неговите помошници се обидуваа да го искористат инцидентот во Полска како можност уште потесно да го вовлечат НАТО во војната, што, според западните политичари, Киев се обидувал да го прави во различните фази од конфликтот“, додаваат американските коментатори.

Како што се наведува во прилогот, инцидентот со украинскиот проектил се случил во заднината на напнатоста која се јави меѓу Киев и Вашингтон, поради повиците на САД до украинското водство да започен преговори со Русија. Се додава и дека европските политичари тогаш ја оцениле реакцијата на Киев како „претерано емотивна“.

Од друга страна, викендов магазинот Time го пренес видувањето на Јозеф Јофе, предавач на Школата за меѓународни студии пру Универзитетот „Џон Хопкинс“ и соработник на институтот Хувер на Универзитетот Стенфорд, дека Бајден му сигнализирал потреба да започне дијалог со Русија.

„Бајден суптилно му навести на својот колега во Киев: време е започнеме преговори со (рускиот претседател Владимир) Путин“, вели Јофе

Според авторот, западните „добродушни пријатели“ на Зеленски, следејќи ги сопствените себични интереси, го воздржуваат Киев во натамошна ескалација на војната против Русија. Тоа е неопходно за да се избегне вовлекувањето на катастрофален конфликт со оапсниот руски непријател со супермоќен арсенал, или како што се води политиката забележува „Путин не смее да победи, но Зеленски не смее да победи премногу“.

„Кој сака да загина за Киев? Или да се смрзне додека се прекинуваат испораките на рускиот гас во Европа? Париз и Берлин се обидуваат да посредуваат во преговорите уште од првиот ден (на војната). Западните челници можеби се заморени по деветте месеци војна. А во САД расте противењето на републиканците, кои се спротиставуваат на вмешаноста на Америка во конфликтот“, појаснува стручњакот.

На почетокот од ноември, кога западните медиуми објавија дека сојузниците го поттурнуваат Киев на дијалог со Москва, Зеленски ги наведе своите услови за почетокот на преговорите кои ќе ја запрат најголемата војна во Европа по Втората светска војна. Украинскиот лиде објави дека „обновувањето на целисниот територијален интегритет на земјаа, почитување на Повелбата на ОН, компензациите на сите штети нанесени од руската страна, казнување на секој воен злосториник и граранции дека такви нешта нема да се повторат“. Истовремено, Зеленски потпиша указ за неможноста за преговори со Москва додека на власт е Путин.