Невремето во Франција остави 75.000 луѓе без струја

Невреме и бури го погодија западниот дел на Франција, а без струја претпладнево останаа 75.000 корисници на компанијата Енедис, која ги снабдува домаќинствата со електрична енергија, соопштија денеска претставници на оваа компанија.

Во 20 француски региони на север и запад од земјата и околу Париз е прогласен портокалов метео аларм, што е второ највисоко ниво на предупредување.

Француски „Фигаро“ јавува дека во некои делови на Нормандија сообраќајот е отежнат поради паднатите дрвја на патиштата, пред сè на железничките шини.