Британските цариници најавија четиридневен штрак во февруари

Британските царински службеници кои се ангажирани во Англија и во Франција ќе стапат во четиридневен штрајк во текот на училишниот распуст во февруари, соопшти нивниот синдикат, што ќе предизвика непријатности за сите што во тој период планираат да патуваат преку Ла Манш.

Околу илјада вработени на Border Force во Довер, Кале, Кокел и Данкерк стапуваат во штрајк на четири дена во текот на училишниот распуст од 17-ти до 20-ти февруари, објави синдикатот PCS.

Објавата дојде во моментот кога Велика Британија во средата се подготвува за најголемиот штрајк последните десет години. Се очекува околу половина милион луѓе, од учителите преку јавните службеници до железничарите, да ја прекинат работата за да побараат зголемување на платите во земјата којашто е зафатена од економска криза под притисокот на инфлацијата најголема во последните четири децении.

Генералниот секретар на синдикатот PCS, Марк Сервотка оцени во соопштението дека „штрајковите најавени денеска во царинската служба ќе имаат последици за луѓето кои се враќаат од одмор“.

„Иако владата за Божик донесе необучени војници за а ги заменат нашите висококвалификувани службеници на аеродромите, нема да може да го стори во Франција“ вели Сервотка и додава дека „одговорноста за овие штрајкови паѓа на министрите кои не сакаат да става повеќе пари на масата“.

Во декември околу 1.200 војници беа мобилизирани во Велика Британија за да ги заменат работниците на итната медицинска служба и граничните полицајци кои штрајкуваа.