Транспаренти „Вучиќ предавнику“, „Ќе одговарате“, „Не за капитулацијата“ осамнаа на денешната презентација на германско-францускиот предлог за Косово во Собранието на Србија. Додека претседателот Александар Вучиќ го претстави планот и рече дека „не можеме да го сопреме Косово во меѓународните институции“ бидејќи „тие ќе имаат мнозинство, се противеле ние или не“, опозициските пратеници од Народната партија скандираа.
Вучиќ рече дека и не смее да го покаже целиот европски план за Косово, туку дека ќе го изнесе само она што е најлошо во него за Србија.