Лично до Димитар Ковачевски-Таче
Ептен крај
Знаете кој се вика „Џубре Комунистичко“? Само оној член на СДСМ кога ќе ја „усе*е“. Еден мој драг комшија и пријател Тони Дугамара (висок е 2 метара) со каква сласт го кажува овој израз. И во право е.
П.С.1 Во емисијата „За или Против“ на ТВ Алфа каде водител беше Лазар Темелков, а заедно со мене гостуваше и Сеад Ризвановиќ, кажав дека нема таков во Македонија, кој може да земе 100 милиони евра од европските фондови. Ненамерно ИЗЛАЖАВ. Хари Локвенец обезбеди 155 милиони евра за Железницата. Јавно му се извинувам на Хари „Елфаско“ Локвенец.
П.С.2 Во духот на колумнава, да ја довршам со стихови. „Имам еден другар, еден од малкуте што не ми згрешил…, како си што си, се изгуби, како си што си гледам, добар си…… како си што си, си се здебелил“ – Игор Џамбазов, „Диши Длабоко“.
А, јас му велам, на се’ погоре напишаното можам само да ти одговорам со песната од легендарниот Синан Сакиќ „Судбина ме на пут шаље“.
Почеток на колумната
Во оваа колумна користам стихови од наши познати естрадни уметници во политички цели. На пример.
„Добро утро несреќо, стар пријателе“ – Куку Леле, песна „Нема Да Тагувам“.
Во стилот на Бранко Црвенковски порака за нашиот драг Премиер: Таче бери памет, секогаш кога мислиш дека на народот му даваш гол со пета, народот ти дава гол со глава. Да не биде после од играчка плачка.
Можам да го замислам Бранко како му е денес. Гарант седи во полутемна просторија, замислено гледа во некој Котелец и на глас коментира: Еееее Бранко, Бранко, кој ти е крив кога си имаш наследници ДЕФЕКТНИ.
Некаде од средината кон крајот на колумната
Без разлика што нашиот Таче не разбира голем дел од она што го пишував погоре во колумната (бугаризација, рудници, индустријализација, животна средина), сепак имам една задршка дека пари од Телеком АД-Скопје нема украдено. Едноставно немаше таква моќ во 2006 година. И покрај документите објавени од Зоран Божиновски.
Е сега почнувам лично до Таче. Без задршка:
„И тогаш некоја будала ќе го спомне твоето име ко на шала…“ – Владо Јаневски.
За разлика од други јас мислев до пред заканата кон ТВ станиците дека токму ти како наш премиер, си оној со кого можеме да ги спроведеме потребните реформи во медиумите, ама и да ги фатиме сите криминалци во телекомуникацискиот сектор поврзани со медиуми. Наместо тоа сакаш да бидеш саркастичен во однесувањето.
Креираш закон за медиуми, а не ги примаш посебно интернет сајтовите на состанок. Мислиш дека Снежана Трпевска или наша Жане ќе те спаси. Ама наша Жане има две мани:
- Најдобар научник, не го знае и тешко го препознава бизнисот
- Ќе ја злоупотребите како и претходните Влади. Као она прави презентации, кои Вие владини манипулатори и хохштаплери ќе ги искористите за да си напишете законче по ваши моментални потреби.
Еве другар Таче зошто молчиш за следнава работа? И јас и ти го знаеме патот на легализација, ама ме доведуваш во ситуација дека си тераш бизнис со следнава работа:
12 години во Македонија има 120.000 нелегални приклучоци за гледање телевизија. 12 години ниту една институција нема направено никаков потег за решавање на овој проблем. Загубата е 24 милиони евра годишно, црни пари во криминални џебови. Па, рекетариве и дилериве се угледни граѓани за овие криминалци.
Замисли што има да ти се случи кога мора да го отвориш конкурсот за АВМУ. И доаѓам јас и давам предлог, Фонд за поддршка кој се вика „Од Медиумите за Медиумите“. Па, да продолжам како тоа финансиски би изгледало на годишно ниво со мал број примери:
- Канал – 500.000 евра
- Алсат-М – 400.000 евра
- Телма – 400.000 евра
- Антена 5 и канал 77 по 45.000 евра
- Спортско радио и Сити радио по 14.000 евра
- Сите сајтови заедно – 1,1 милион евра
Имам пријатели кои знаат од мене лично како иде формулата и логиката, ама не ги знаат деталите. Сите финти не се кажуваат.
Па, јас продолжувам натаму. Сите телекомуникациски оператори можат да бидат сопственици на форматирани канали кои ги исполнуваат следниве програмски функции: Образовна и Забавна. Информативната им е најстрого забранета. А, Маркетингот мора да го распределуваат согласно гледаноста и цената на реклама во нивниот медиум е 5 пати поскапа од највисоката цена на најгледаната Free to Air телевизија.
Во духот на државно рекламирање.
Не постојат само национални терестријални телевизии, туку постојат национални телевизии, кои без разлика на технологијата (терестријално, сателитски, кабелски и интернет) доспеваат до 80% од домаќинствата.
Регионалните и локалните медиуми може да се поврзат во единствен систем како национална телевизија со времетраење од 4 часа.
Лиценците во финансиска смисла има да бидат во сооднос 1:10, ако се земат во предвид Телевизии и Радио. Да бидам јасен. Антена има да плаќа вкупно 5.000 евра годишно, а Канал 5, 50.000 евра.
Сите интернет сајтови се ставаат под закон и сите дневно информативни медиуми кои дистрибуираат информација преку интернет потпаѓаат на следниве правила за кои ти другар Таче немаш храброст и си кукавица:
- Годишен надомест 3% од маркетинг и 17% од проекти на странски добротвори. Овој последниот процент може да не важи само ако медиумот се согласи дека неговата најниска рекламна понуда ќе биде 25 пати поголема од најниската цена на највлијателниот медиум финансиран од маркетинг. Има уште ама не ти кажувам. Од инат.
- Комплетен извештај за финансирање
- Најстрого е забранета медиумска концентрација и поврзани лица
Државно рекламирање се врши со претходна постапка за потребите на самото општество со сервисни информации од соодветна комисија, каде најрелевантни личности има да те осудат за твоите Пи-Ар комбинации за експертиза за вакцинирање од Ковид и Саем во Белград за пиење вино у приватно друштво со државни пари. Сајтот за јавни набавки работи.
Ти се врзуваш со Младен Чадиковски што мораше да одговара кривично за неговиот идеен план за новинарски стории за режан тутун. Најстрого забранет производ за реклама и тајно спонзорирање.
Но, за крај. Освен Маријан Доказ сега сакаш да го апсиш и Латас. Лично на вториов би му ја скршил главата и тоа со арматура за столб. Од нејзе нема спас. Да имаше држава како што јас ти ја предлагам, сега немаше да има вакви инцинденти.
Ама бидејќи ја нема да те повикам ако имаш тронка храброст. Јас и ти сами на ТВ дуел и тоа кај Снежана Лупевска Созен (многу имаш мерак на Макпетрол, знаеш ти дека јас знам зошто е тоа така) во ТВ Телма. Јас ќе дојдам сам. Ти да дојдеш со твоите бардови на новинарството и пола раководство на СДСМ. Кога ќе ги потфатам за 1 ТВ сите кај Филип Соколот ќе завршат. Е затоа и ти ама и граѓаните да знаат зошто насловот е таков каков што е.
(Врати се горе на почетоците од текстов)
Продолжување на почетокот на колумната
И додека Бранко се чуди, редно е да некој во оваа држава на кратко да објасни неколку ситуации кои се кклучни за нашите деца. Одливот на младите не е проект на некои НВО, туку стратегија на државата. Затоа идеме по редослед.
Бугарија
Сите наши политичари од оваа власт се однесуваат кон Бугарија како стихови од песна на Владо Јаневски и Роберт Саздов: „Пуши, Пуши, Пуши ме гајле си немаме…“. Многу е јасно.
Рудници, Индустријализација и Животна Средина
За да можеш да разговараш за рудници во Македонија другар Таче мора да знаеш пет факти:
- Целиот руден капацитет за метали е во Источна Македонија.
- Целиот руден концентрат мора да завршува тука за да,
- Можат да донесат 55 до 65 милијарди евра и да го полнат буџетот на Македонија
- Тец Неготино е создадена за да ги опслужи со струја ФЕНИ и Фабриката за благородни метали која не направена, ама има ф-ка за кабли во Неготино
- Најголем загадувач во оваа држава е Технолошко-Металуршки Факултет. Ти немаш капацитет да разбереш дека само они можат да го сопрат загадувањњето и по кој принцип
Кога бе Таче ти како наш премеир си помисли на правилава. Никогаш. Патем да знаеш твоите другари НВО екологисти во соработка со другарите од Бучим рудникот ти препорачуваат:
- Компирите ќе биле загадени
- Ќе се отселеле веќе отселените
- Албанците намерно ги загадуваат Македонците кои имаат среќа да живеат над рудно богатство
Рудниците се делат на руско влијание и на американско и комонвелт инвестирање.
Пренеси им на другарите твои од Бучим, Иловица и Бугарија, дека ние знаеме како крадат благородни метали. Бакар, Злато и Сребро се ситни рипчиња во морето на рудниците.
Патем другар Таче да ти се претставам. Јас, Виктор Грозданов сум дипломиран инженер за екстрактивна металургија на темата „ИЗБОР НА ОПТИМАЛНА ПИРО- ХИДРОМЕТАЛУРШКА ПОСТАПКА ЗА ВАЛОРИЗАЦИЈА НА НИКЕЛ ОД СЕКУНДАРНИ СУРОВИНИ“.
Сега сум на магистерски труд. Темата би била отворање на нов рудник и неговата економска придобивка и целосна еколошка заштита.
За крај во овој дел. Поздрави го Крум Велков и пренеси му дека со мојот голем другар Буце го фативме жив на која Руска труба подсвирнуе.
Освен ова многу сакаш да глумиш медиумски играч. Чекај да ти објаснам.
(Читај внимателно и не се бунете. Ова се искрени зборови)
Автор: Виктор Грозданов за НетПрес