Едно возрасно лице и едно дете загинаа во голем пожар во станбена зграда во Фленсбург во северна Германија, изјави портпаролот на полицијата за агенцијата DPA.
Во пожарот се повредени девет лица, додаде портпаролот.
Засега не се знае што го предизвикало пожарот во зградата во која според полицијата живеат четириесетина лица.
Не е познато ниту колку луѓе имало во зградата кога избувнал пожарот.