Зеленски: Русија активираше бомба за масовно уништување на животната средина

Русија ја контролира браната и целата хидроелектрана Каховка повеќе од една година. Физички е невозможно да се разнесе однадвор, со гранатирање. Руските окупатори ја минираа и ја разнесоа, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во обраќање на самитот на Букурешката деветорка.

Тој истакна дека Русија активирала бомба за масовно уништување на животната средина.

– Ова е најголемата еколошка катастрофа предизвикана од човек во Европа во последните неколку децении. Тоа е најопасниот терорист во светот. И затоа поразот на Русија – пораз што ќе го обезбедиме – ќе биде најважниот придонес за безбедноста на нашиот регион, на нашата Европа и на целиот свет, додаде Зеленски.