Мицкоски: Власта влета во стратегијата и сега зборуваме за тоа дека СДСМ се развластени а ДУ одат во опозиција

Се собраа во клопчето од стратегијата која ја имав и каде успешно загризаа на темите, и еве денесka сите збориме за тоа кога ДУИ ќе биде опозиција, а СДСM да биде детронизирана, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од денешнат трибина во Охрид во рамките на акцијата „Ова е Македонија за сите”

На владејачките партии им порача дека им е дојден крајот, како и дека Социјалдемократскиот сојуз е развластен, а ДУИ ќе оди во опозиција.

Додаде дека навистина му е драго што со еден чекор, со само една средба се видоа вистинските лица на многумина, за што можам да кажам дека долго, навистина макотрпно разботел тој и неговите луѓе да ги извадат на чистина.

Мицкоски истакна дека луѓето од власта се собраа на клопчето од стратегијата која имаше и каде успешно загризаа на темите кои што тој ги наметна во јавноста.

„И сите еден по еден, едно цело купче се собраа во клопчето од стратегијата која ја имав и каде успешно загризаа на темите, и еве денес сите збориме за тоа кога ДУИ ќе биде опозиција, а власта на СДС да биде детронизирана”, рече Мицкоски.

Многу ми е драго, рече Мицкоски, што вечерва имам можност да се обратам и да ви ги соопштам овие важни вести кои што произлегоа од лидерската средба, меѓу кои и тоа што Димитар Ковачевски за брзо ќе си оди од премиерската фотеља.

„Ковачевски за брзо ќе си оди од премиерката фотелја. Дури денес свикува некои органи и тела во партијата да ги разгледа идеите на лидерската средба кои веќе еднаш ги одби. Но народот вели подобро некогаш да се сети, отколку никогаш”, потенцираше Мицкоски.

Само со преодна Влада може да обезбедиме национално единство и доверба кај граѓаните, а Демократската унија за интеграција по дваесет години да ја пратиме во опозиција и криминалците да одговараат, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Појаснувајќи ги причините зошто на лидерската средба со претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски предложил преодна влада без ДУИ, Мицкоски рече дека тоа нема да значи амнестија за криминалот, туку детронизирање на ДУИ и државата ќе нема премиер кој не е избран од народот.

„Со криминалците однатре од институциите ќе се бориме многу поуспешно отколку однадвор, а месеци потоа нашата влада предводена од ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата сето тоа што ќе го сработи во оваа преодна влада ќе го изведе пред лицето на правдата, пред судовите. Секој којшто се огрешил ќе одговара и тука нема амнестија додека јас сум претседател на ВМРО– ДПМНЕ. Изборниот процес ќе го имаме под котрола. Нема да е можна пљачка на народната воља, фингирана кампања, украдени гласови на граѓаните, затоа што ние ќе го водиме тој процес. Само на овој начин можеме да обезбедиме национално единство и доверба кај граѓаните, а ДУИ по 20 години да ја пратиме во опозиција и криминалците да одговараат. Тоа е иднината за Македонија и македонските граѓани, рече Мицкоски.

Пред охриѓани изрази уверување дека е можна интеграција во Европската унија и зачувување на националното достоинство, јазик и посебност, спротивно од она што, како што посочи, го кажуваат СДСМ дека интеграција е можна само со уставни измени под бугарски диктат.

Дециден е дека без европска интеграција и заштитен идентитет Уставни измени нема да има. – И затоа на маса ставив две понуди. Првата е формирање на преодна влада на сите партии, без ДУИ во нејзе.

„Влада под наши услови без криминализираниот дел од сегашната гарнитура кога ќе треба да донесе измени на Уставот со одложено дејство кои ќе стапат на сила со членството на Македонија во ЕУ. Така добиваме гаранција дека Македонија ќе биде на брза патека за Европската унија, и кочничарите на нашата интеграција Бугарија да станат активна заинтересирана стана за побрза европеизација на државата. Втората понуда е избори сега, обезбедување на гаранции од европски институции за заштита на националните и државни интереси како и економски пакет за подобар живот во државата по повеќе основи, па потоа носење на измени на уставот со обврска опозицијата да го поддржува процесот како би се гарантирало националното единство кога е во прашање гарантирање заштитата на државните и национални интереси“, истакна Мицкоски.

Забалежа дека еуфоријата во владејачката партија дека ВМРО–ДПМНЕ прифатила уставни измени е лажна и оти ако било вистина веднаш по лидерската средба ќе било ставено на собраниска седница.

На следните парламентарни избори посочи дека граѓаните ќе имаат три можности за избор.

„Првата е коалицијата предводена од ВМРО–ДПМНЕ, втората е онаа на ДУИ и СДСМ и третата понуда ќе бидат платените патриоти и лажни популисти кои ќе кажуваат се што ќе сака народот да слушне, само со една цел да ги поделат антивладините гласови во Македонија, да ги поделат македонските гласови за да ја намалат победата и триумфот на коалицијата предодена од ВМРО–ДПМНЕ“, рече Мицкоски.