„Лидерска средба“!!! И? Младен е кукавица!!!

Каква ексклузивка сум дознал. Народе, народе, чујте и почујте на пост кај другарот Миленко дознав дека ќе сум бил ни мање, а ни више Шеф на Изборен Штаб во претседателската кампања. Ваууууууууу.

Покрај времето што го трошам читајки го Дејвид Банистер на тема „Неодржлив Транспорт, Градскиот транспорт во новиот век“, еве ја една екслузивка да му дадам на Миленко, ко на другар.

Од петокот до понеделникот имав средби и разговори со повеќе легенди на телевизиско, радиско и пишано македонско новинарство:

  • Во петокот му посакав убав викенд на првиот
  • Со вториот се сретнавме кај Римес и зборевме за СДС и медиумската иницијатива
  • На третиот му честитав роденден
  • Со Четвртиот бевме заедно со мојот брат близнак, инаку сопственик на сериозен медиум
  • Во неделата на намбер пет и шест зошто не беа на мојата забава ги прашав како се со здравјето. Со намбер пет разговаравме за условите и дефинициите за порталите, за што ќе прочитате подолу
  • На седмиот во понеделникот му честитав роденден
  • Инаку со осмиот имавме разговор за негово споменување со име и презиме во контекст на средбата и нашиот однос кон уставните измени.

Средбата на Нашите политички лидери пред две недели помина во духот на Митар Мириќ со песната:

„Дат че Митар, крви литар и више од тога, Власт че бити моја, Ако има бога“.

Што добиваме ние од средбите? Едно големо ништо. Всушност лажам. Секој секому „ѕвекна“ по еден услов меѓу „рогови“. Заклучокот е едноставен: Услов си е Услов.

Сите новинари и пошироката јавност го знаат Зоран Димитровски-Жоро. Им  го постави следново прашање на нашите лидери: Кој е јунакот што ќе го слави Сан Стефанскиот договор секој 3-ти Март во тековната година кој се зема како Ден на Ослободување на Бугарија, а кој е сериозно асимилаторски чин кон се’ што е Македонско, и кој нема намера да запре?

Патем на почетоците од мојата дружба со Жоро (а, сега им се цел Столе и Мацко) денешните за 100 евра пробугарско-европски новинари, а тогаш србо комунистичко четничко европејско македонски демек настроени, ми велеа дека се дружам со личност со сомнителен национален идентитет. Да еве гледам колку ми е сомнителен. Само затоа што имавме повеќе од симпатија кон Бугарија и обичните нивни граѓанин. Истиве овие нека се думаат дали од Комисија за Лустрација ми ги раскажаа нивните дејанија новинарски. Тие се истите кои на Бранко Геровски –Геро му „акнаа“ надимак „Црна Вдовица на новинарството“. Еден ден со Жоро и Мео ќе му кажеме се’.

И така секој од нас си вели: Што имам јас да се возбудувам? Одговор: Да се возбудувам имам насушна потреба.

И сега нормално е да си го поставите прашањето: Кај е тука Младен Чадиковски? Еве баш овде е. Првенствено немам ништо лично како према човек, АМА кога сакаш да си фактор тогаш си подлежен на критики. Во неколку точки:

  1. Ако Младен е прав претседател на ЗНМ тогаш веднаш се повлекува од сите емисии како водител и го замрзнува своето работно место, од една и едноставна причина, да не настапува од позиција на сила. Нема капацитет да го разбере ова.
  2. Да немало рекламирање на државните институции во медиумите така ќе биле корумпирани. И сега една громогласна смеа. АХАХА. Па, не ги корумпираат камерманите и монтажерите. Главни на удар за корупција се новинарите. А, он е претседател на ЗНМ.
  3. Да е нормален претседател (намерно со мали букви зошто се помали од маково зрно како здружение) по однос на однесувањето на Министерот надлежен за медиуми, Азир Алиу, има само да му соопшти – Пази како се однесуваш министре „водата медиумска е многу длабока, а воздух имаш само за мала чаша вода“.

АМА КУКАВИЦА СИ Е КУКАВИЦА. П*Ч*Ч класичен.

Не сум завршил уште со Младен. За сите ситни хохштаплерчиња кои си ги гледаат своите мили новинарски задници.

Кога Младен Чадиковски беше Главен и Оговорен Уредник на Телевизија А1 од Владата на Никола Груевски земаа 10 милиони евра. Младен остана на слобода, а другите ни криви, ниту должни заглавија во затвор. Сега малку професионално.

Мора да се знае дека во секоја земја на ЕУ има кампањи од јавен интерес кои се платени.

Може ли да видиме под која шифра во Централен Регистер е регистрирано ЗНМ. (Онака сакам да знам што значи 63.91, Здружение на граѓани или дејности на Новински Агенции)

Е, сега има неколку допунски прашања. ЗНМ е исто што и МИА? Продуцира вести на дневно ниво? Кого штити ЗНМ? Зошто ЗНМ на чело со Насер Селмани не дозволи кога се менуваше ЗААВМУ во 2013 година да се регулираат порталите?

Биле против јавни кампањи. Колку лица починаа од КОВИД во Макеоднија? Околу 9000. Доколку имаше кампањи  од типот-носете маски, држете дистанца, не седете во затворен простор, вакцинирај се – Дали ќе се намалеше бројот на смртни исходи? Сигурно барем 1 да беше помалку ќе беше мега важно. Кога дел од ЗНМ си ги мијат рацете, дали им мирисаат на КРВ? Треба да им мириса. Посебно што ќутат за Пи-Ар активностите на Владата, а платено преку фирмата на Ѓорги Спасов, Рејтинг, каде си е основач.

Инаку да ги потсетам нашите лидери. Ваква„лидерска средба“ имаше и во 2021 година во март. Тогаш ветија дека конечно ќе се оствари конкурсот за квалитетно редефинирање на составите на МРТВ И АВМУ. И замисли го отворија на 05 Мај 2021. Само да потсетам ист таков конкурс отворија и 2018 година.

Драги читатели, конкурсот трае 30 дена и мора да Ве викнат во собрание на Македонија да ги браните Вашите идеи?

Значи два конкурса се вкупно 60 дена или 2 месеца.

Ама по паметот на нашава држава имате ваква математика 5 години се 60 месеци, а тоа е рамно на 720 дена и тоа е помалку од она што го вели законот. Е така. Таа е таа математика.

Иначе нашиве лидери се бореле за македонскиот јазик. Ало драги мои сите спортски канали ви одат со коментар на Српски и Хрватски. И сега може само да Ви препорачам да седнете мирно и да дочитате до крај.

Прво да не мислите дека Бугарите се глупи, тупи и неинтелегентни и богами дека немаат пари за да  ги откупат сите спортски права за Македонија.

А? И кога ќе почне се’ на Бугарски? Што да им правиме на оние од АВМУ? Се знае. Не во затвор. По јазикот за разбирлив за Трајчевски, Петрушевски, Фетаи, Јаневска енд анадер трејторс, УЗА ЗИД.

Дали нашите коментатори не ги бива тоа е работа на аудиции и обуки кои ќе ги доведат до задоволително ниво, а се во спрега со Македонски Олимписки Комитет.

Кабелските оператори не се должни да плаќаат за коментарите како што лажат од АВМУ. За таа работа одговорните лица мора да одговараат кривично за тешко нарушување на Уставот на Македонија.

Го лажеле Даниел Димевски од МОК во 2015-2016 дека Арена Спорт може да иде на Македонски јазик само ако Телеком се регистрирал како сопственик на Арена. Ама согласно законот немале право. Па, прво Телеком имаше само договор за реемитување на Арена Спорт и согласно закон за заштита на конкуренција имаше проблем со монополското поставување. И за тоа одговор од АВМУ. Чедо Кралевски го запослил своето дете во Телеком. Е тоа е. Ги прочитавте презимињата погоре.

Е затоа драги читатели апсолутно се согласувам кога викате:

ЗА К*Р НЕ ЈА БИВА ДРЖАВАВА!!!

Продолжуваме во петок да Ви ја раскажам приказната за МРТВ, чиј основен Буџет мора да е 45 милиони евра, како Маријан Цветковски ги работи у ребра СДС, колку се магариња неписмени овие од СДС како власт по ова прашање, како е елементарно неписмена Министерката за Култура по однос на Џез Оркестарот и нормално како Младен Чадиковски мора да молчи.

Па, нели Маријан Цветковски беше олицетворение на „Заробената Држава“ на Никола Груевски?

Да живее Македонија!!!!

Не се предавам до СМРТ!!!

Автор: Виктор Грозданов за НетПрес