Хрватската музичка ѕвезда Нина Бадриќ со години е една од најпознатите пејачки во регионот, публиката ја обожава поради одличниот глас и многубројните хитови.
Покрај тоа, Нина уште од почетокот на кариерата важи за една од најубавите жени на овие простори.
Сега пејачката на својот профил на Инстаграм сподели фотографии во костим за капење и повторно ги воодушеви сите со својата елеганција. Во костимот за капење на „Версаче“, Нина, освен новата фигура, покажа и елеганција.
Инаку, Нина пред неколку месеци се пофали дека ослабела 20 килограми бидејќи го исфрлила месото од исхраната. Пејачката била голем гурман и обожавала да јаде говедско, свинско и пилешки специјалитети, но кога сфатила дека не може да ги изгуби вишокот килограми, решила да направи драстични промени.
– Престанав да јадам месо и се случија големи промени во мојот организам. Конечно сум задоволна со мојата тежина, но и се чувствувам многу подобро. Порано кога изедев парче месо, морав да дремнам два часа, бидејќи бев изморена. Дури и масерката ми кажа дека тонот на кожата ми е подобар. Навистина сум задоволна – откри пред неколку месеци пејачката за „Информер“.
Нина Бадриќ од 83 килограми се симнала на 63 и ужива во новата фигура.
ФОТО: Инстаграм