Познат идентитетот на загинатото лице во сообраќајката кај Дабиле

Четириесет и седум годишниот А.Ѓ. од струмичко Бориево го загуби животот во сообраќајна несреќа која синоќа околу 21:15 часот се случи на магистралниот пат А4 Струмица-Ново Село, на делница помеѓу селата Дабиле и Босилово.

Во несреќата учествувале автомобил „мерцедес“, управуван од А.Ѓ.  и автомобил „фиат“, управуван од Р.М. (31) од село Костурино, струмичко, двете со струмички регистерски ознаки.

-Од здобиените повреди во несреќата починал возачот А.Ѓ., а смртта ја констатирал лекар во Медицински центар Струмица, а возачот Р.М. се здобил со телесни повреди, информира МВР.

Увид на местото извршил јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и увидна екипа од Полициската станица Струмица.