Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (29.06.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 205 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 55 санкции, 17 мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за управување возило под дејство на алкохол, осум мерки за прекршоци што ги чинат возачи на моторцикли.
Изречени се две санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, девет санкции за користење мобилен телефон при управување возило, три мерки за некористење сигурносен појас…
-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информира МВР.