Вучиќ: САД го санкционира Вулин поради неговите ставови за Русија

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави во средата дека САД не воведоа санкции за директорот на Безбедносно-информативната агенција (БИА) Александар Вулин поради неговата вмешаност во криминал или корупција, туку поради неговиот однос и позиција кон Русија.

Соединетите држави воведоа санкции против Вулин, обвинувајќи го за „охрабрување на руските малигни“ активности и за наводни „врски со трговците со оружје и наркотици“, објави во вторникот американското Министерство за финансии.

Вучиќ за новинарите, во текот на посетата на градилиштето на експресниот пат во источна Србија, изјави дека „кокаинот не бил пронајден во канцеларијата на Вулин, туку во Белата куќа“, алудирајќи на неодамнешните вести дека форензичарите регистрирале извесно количество, како што го нарекоа „честички“ кокаин во седиштето на американската администрација. .

„Верувам дека е многу важно, дека е ужасно важно да се спроведе истрага, бидејќи мислам дека (во изјавата на американските власти) е некој генерален опис што тие го користат за да напишат нешто“, рече Вучиќ.

Сропскиот претседател, без да навлегува во деталите од соопштението на американското Министерство за финансии, најави дека за сето тоа „темелно ќе проговори“ утре, за ставот на Вулин и ставот на државата Србија, што е најава на уште една негово вообичаено неделно гостувања на еден од националните телевизиски канали.

Според соопштението на американските власти, санкциите значат дека имотот на Вулин или имотот во сопственост на американски државјани во кои тој има интерес се блокирани во САД, додека на физичките и правните лица во САД им се забрануваат сите трансакции со него.

Според соопштението на Министерството, Вулин е вклучен во „операции поврзани со трговија со дрога и злоупотреба на власта“ и во промовирање на „малигното влијание на Русија“.

Во реакциите по вчерашните вести за санкциите, српската опозиција дополнително укажа на неопходноста Вулин да биде сменета од функцијата шеф на БИА, што е едно од барањата на учесниците на граѓанските протести „Србија против насилството“.