Откако Николина Пишек го помина најголемиот дел од јули во Италија, наместо да се врати во Загреб, таа замина во Грција, каде што има многу убави спомени, како што самата нагласува. Во Италија го прослави дипломирањето на нејзината постара ќерка Хана Цигој, која дипломирала медицина на Универзитетот во Милано, а потоа заминала на одмор на езерото Комо, монденско одморалиште за богатите и славните, меѓу кои куќа имаат и Џорџ и Амал Клуни. Потоа заминала во Рим, а каде и да патува летово, Николина објаснува дека е постојано изложена на неподнослива топлина.
View this post on Instagram
Така во Грција, односно во Атина се „пржи“ на екстремни 43 степени Целзиусови, но очигледно тоа не ѝ пречи бидејќи низ градот шета со насмевка. Со фотографии и неколку видеа на Инстаграм ги почести своите обожаватели и напиша – „Атина е претопла на „пријатни“ 43 степени“.
View this post on Instagram
„Повторно ги преживеав тогашните спомени. Прошетав низ улицата на која се наоѓа продавницата во која на Уна ѝ ги купив првите чевлички. Не се сите од тие времиња повеќе со нас. Но останаа спомените. Нив никој не може да ми ги земе. И затоа сега создавам нови“, пишува Пишек.
View this post on Instagram