Лажеш душо, лажеш вештице, Каја светице?

А, и кажав на Каја Шукова оди си одма. Она не. Мангупка.

Еве и сеа една глупава афера за почеток. Го исфрлила дечко и од дома кога станала министерка зошто бил од ВМРО-ДПМНЕ. А, ја им викам аман бе жени. За жени не се коментира. Алапачи едни.

Седам со еден другар и му велам овие од СДС што се занимаваат со рудници (Таче, Каја, Перо градоначалнико, а богами и Славјанка, за да научи каква штета им има направено на Украинците) се одма да ги фрлиш на Змиско острово. И овој мртов ладен ми вика: Гледаш дека после твојата колумна реагираа дека они ќе ја штитат животната средина. Греота се змиине. А, тоа значи дека за кратко време змиите од островот ќе се организираат и ќе викаат: Нема Правда, Нема Мир! Затоа на Голи Оток и онака сеа Хрватите ги ставаме у Устав.

Ме прашуваат од кај па сеа ја со рудници. Моето занимање се медиумите, но, моето образование е екстрактивна металургија, засега инженер, а со господ напред до крај на годината магистер баш на тема екологија и економски придобивки од експлоатација на благородни метали (бакар, злато, сребро итн). И кога на ваков начин се образуваш знаеш точно кое е значението на термините: Екологија и Циркуларна Економија.

Екологија е наука која ги разгледува односите на живите суштества меѓу себе и со нивната околина. Со посебно внимание на унапредување на потребите на живите суштества, особено човекот како главен фактор на одлучување.

Циркуларната економија е концепт кој има за цел да создаде систем каде ресурсите се користат на одржлив начин, минимизирајќи го отпадот и загадувањето. Во овој контекст, рудничкиот отпад/јаловината да се искористи за произвотство на био-минерални ѓубрива.

Јаловината е отпаден материјал што останува по екстракција на метали или минерали од рудата. Пренамената на јаловината во биоминерални ѓубрива може да помогне да се намали влијанието врз животната средина од рударските активности, а истовремено да се создаде корисен производ за земјоделието.

Со тек на времето, со континуирано произвотство од обработливото земјиште се исцрпуваат критичните хранливи материи бидејќи тие се пренесуваат на овошјето и зеленчукот. Овие хранливи материи мора да се надополнат со вештачки ѓубрива (ѓубрива чија хемија главно се состои од азот, фосфор и калиум) кои обезбедуваат само хранливи материи за растот на растенијата, но не го подобруваат и квалитетот на почвата.

И така натаму.

Рудници има за метали, неметали и минерални суровини. Македонија поседува 15 милијарди руда на благороден метал (злато, сребро и бакар) на прво истражување. Прво истражување значи следново: Бучим е со идеја од 1972 отворен е 1979 со рок на траење 13 години. Уште работи. Поради наредните истражувања и докажувања на благородни метали.

Затоа во претходната колумна на основ на бројки ја дадов сумата од 80 милијарди евра за Македонија во рок од 20 години со напомена да се оди до краен производ. А, годините очигледно ќе се зголемуваат. И тоа само во подрачја каде живеат Македонци, а Бектеши тоа го знае и го пренесува на својот газда Али.

И ПАЗЕТЕ СЕ МОЛЧИ. НАМЕРНО ЈА УНИШТУВААТ МАКЕДОНИЈА

Инаку сега морам да бидам врвно безобразен кон следниве: професори на рударски факултети, а богами и геолози, членови на МАНУ кои се занимавате со стратешки економски политики, аналитичари на геополитики, правници итн. Поради тоа што молчите како залиени.

Одма да застанете голи пред огледало, да го покриете половиот Ви орган, да си ги вметнете дипломите во ректумот, да ставите орев помеѓу забите и да се посипате со шеќерен прав и да мислите: Ние сме КРУШЕВСКИ ЛОКУМ. Да има некаква корист од Вас, а не само како паразити да се правите експерти.

Е СЕГА КАКО ЛАЖЕ КАЈА ШУКОВА

Лаже дека сите рудници се од времето на комунизмот и дека тоа е наследено. На 8 октомври 2018 година се дава нова концесија за експлоатација на бакар во месноста Боров Дол. Иако е под капа на Бучим, тоа е нов рудник.

Лаже кај Васко Ефтов дека газдите на Иловица-Штука имааат проект каде ќе се користи Цијанид и Сулфур со интенција дека така сакаат да продолжат иако истиве знаат дека, има одлука од 9 Јануари 2019 година, за комплетна забрана во Собранието  на Македонија, а на иницијативата меѓу првите се потпишаа Ивана Туфегџиќ, Павле Богоевски и Ферид Мухиќ.

Иначе лаже исто како ДОМ. ДОМ викаше позади нас стојат 40 еколошки организации и дека затварањето на рудникот Казандол е најголем успех.

Рудници може да има само кај што нема котлини и земјоделство.

Е, за ова се иде во затвор и тоа директ. Прво, Македонија има 85 отсто планини. Второ, по нејзиниот памет мора одма сите каменоломи во Полог да се затворат поради бучава и прашина. Ова се рудници. Трето, одма да се затвори рудникот на Кнауф за гипс. Ако Кнауф е најпрофитабилна фирма. Идеме по принцип. Четврто, одма да се затвори рудникот за јаглен кај РЕК Битола кој се наоѓа во Пелагонија. Е, ќе немаме струја, ама битно сите сме еколози.

И на крај како се иде во затвор за лажење?

Еуромакс има документ за ружа на ветрови, кој еве и ја го имам, а го има и Каја Шукова. Јасно се гледа дека ветерот, делот од прашината ќе ја носи во планината накај положбата на Барбарево, Стиник и Ново село. Њама котлина сестро! Еуромакс пробува да ја спои коцесијата и да добие едно решение за да рударите им направат нов целосен рударски елаборат за да дојдат до експлоатација.

Да повторам уште еднаш. Еуромакс несмее да има право на:

  • Изнесување на металот од Македонија.
  • Езеро со брана за јаловиште. Водата никогаш немаш право да ја контролираш. Ќе кидне во Грција и Бугарија. Е, тогаш ни Американците нема да не спасат.

А, еве како лажеа за Казандол со другарот и Перо градоначалнико.

Ќе имало експлозии. Хахаха! Казандол користи технологија Имплозија, која го растресува земјиштето, а бучавата е под законски пропишаните децибели. Значи нема бучава. Каде е проблемот што Перо Градоначалнико ќе го јаде ко дете мрсулче:

  • Има два каменолома кои се минираат примитивно, бучава и прашина
  • Земјоделието е тапа
  • Отселени се децата
  • Струјата се дели на Дојран Стил и на марихуаната нормално, наместо на рудникот

Во следната колумна ја вадам следната документација:

Како е донесенa најголемата фирма за екстрактивна металургија во рудници посебно флотација Outotec Metso, компанија од Финска најеколошката држава на светот.

Што точно им кажа Министерот за надворешни работи на Украина на нашите слепци од власт и колку иаме сега валидни договори со Украина, освен воени поклони.

Колку им беше значаен бакарот од трите рудника кои ги имаа за оваа војна.

Да живее Македонија!

Некорумпиран Колумнист Виктор Грозданов.

Автор: Виктор Грозданов за НетПрес