Брајан Рендал, долгодишниот партнер на холивудската актерка Сандра Булик, почина на 57-годишна возраст.
Рендал починал во саботата како последица на амиотрофична латерална склероза (АЛС), потврдило неговото семејство за магазинот People. Со болеста се борел три години.
„Брајан рано избра да ја задржи својата борба со АЛС приватна, а ние коишто се грижевме за него сторивме сѐ што можеме да ја почитувваме неговата желба“, соопшти семејството.
„Неизмерно сме им благгодарни на неуморните лекари кои со нас минуваа низ оваа болест и на восхитувачките медицински сестри кои станаа наши цимерки, често жртвувајќи ги сопствените семејстава за да бидат со нашето“, се додава во соопштението на семејството Рендал.
Брајан Рендал, професионален фотограф, се запознал со Сандра Булок во 2015 година додека работел на роденденот на нејзиниот син Луис. Двојката ретко се појавуваше заедно во јавноста, држејќи ја својата врска подалеку од медиумите.
„Тој беше пример кој би го сакала за своите деца. Не се согласувам секогаш со него, ниту тој со мене. Но тој е пример дури и кога не се согласувам со него“, изјави Булок во 2021 година во разговор за Red Table Talk.