Обновени тужбите против Мајкл Џексон за сексуално злоставување на Вејд Робсон и Џејмс Сејфчак

Вејд Робсон и Џејмс Сејфчак, двајца мажи кои со години тврдеа дека починатиот пејач Мајкл Џексон сексуално ги злоставувал додека биле деца, можат да продолжат со своите тужби против компаниите во сопственост на Џексон, според одлуката на окружниот Апелационен суд во Калифорнија.
Апелациониот суд во Калифорнија пресуди дека „коорпорација која овозможува сексуалното злоставување деца од страна на еден од своите вработени не е ослободена од афирмативната должност да ги заштити тие деца само затоа што е во исклучива сопственост на сторителот на злоставувањето“.
Робсон и Сејфчак го обвинија Џексон дека ги злоставувал кога биле малолетни, откако стапиле во професионален контакт со него, како што раскажаа во документарниот филм од 2019 година „Leaving Neverland“ (Напуштање на Неверланд).
Сејфчак се појавил со Џексон во рекламата за „Пепси“ во 1986 година кога имал осум години, а Робсон го запознал како петгодишно дете откако победил на натпревар во танц.
Кралот на поп музиката Мајкл Џексон почина во 2009 година, но тужителите бараат отштета од две компании во забавната индустрија кои во текот на поголемиот дел од нивното постоење, беа исклучиво во сопственост и управувани од Џексон.
Предметите кои беа одбиени како неосновани во апелациониот суд се вратени во судница.
„Разочарани сме од одлуката на судот. Остануваме апсолутно убедени дека Мајкл е невин“, изјави за „Си-ен-ен“ Џонатан Штајнсапир, адвокат на имотот на Мајкл Џексон.