Образовниот криминал на Мерко во соработка со Јетон Шаќири

По пријава на лице кандидат за директор во Општинското основно ичилиште Велешта која ги исполнува условите, а која не е примена од страна на градоначалникот на Струга, истото лице доставува пријава до Државниот просветен инспекторат (ДПИ) и до Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК).

По ова ДКСК – до ОЈО-Струга доставува иницијатива за кривично гонење на градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко за злоупотреба на службената положба и овластување.

Имено, ДКСК-се сомнева дека Мерко на незаконски начин на два пати назначил вршител на должност (В.Д.) директор во општинското основното училиште (ООУ) во Велешта, Струга, која немала завршено високо образование, ниту имала потребно работно искуство.

Па така, ДКСК предложила кривично да се гонат и ВД директорот како и уште неколку други вработени кои и’ помогнале да фалсификуваат документи кои и биле потребни за изборот на функцијата директор.

„Пријавената ВД директорка предавала предмети за кои не била стручна и за кои е потребно високо образование. Имала 4 години и осум месеци работно искуство. Дополнително, во тоа време таа немала уверение за положени испити за директор, а училишниот одбор не донел Одлука за распишување на јавен повик. Сето тоа го направиле со фалсификувана службени исправи“.

По, моите истражувања и испитувања, констатирав дека Државниот просветен инспекторат по добиената преставка од кандидатот повеќе од три месеци не постапувал по истата, иако биле запознати поранешниот директор на ДПИ, близок човек на Али Ахмети и член на ДУИ од кичевско, раководителот на секторот во ДПИ Африм Саљиу член на политичката партија ДУИ, како и главниот оператор на ДУИ во Државниот просветен инспекторат, Бесим Алија.

Зошто не постапувале?!

Иако согласно Законот за просветна инспекција и Законот за инспекциски надзор се должни по добиена преставка да постапат во рок од осум (8) дена! Кој им вршел влијание на инспекторатот? Можете да претпоставите. Тука е мерковиот соучесник на овој образовен криминал Јетон Шаќири, заменикот министер за образование Агим Нухиу и тука се и пионите на Државниот просветен инспекторат!

Три месеци по пријавата, Државни просветни инспектори за високо образование извршиле „со насоки“ вонреден инспекциски надзор на Приватниот универзитет ФОН, и од надзорот „констатирале“ дека од разговорот обавен со секретарот на приватниот Универзитетот ФОН, се било во ред.

Но, што покажува практиката на незаконско поставената ВД-директорка на ООУ „Велешта“-Струга?

Во издаденото уверение од приватниот универзитет ФОН се помешани датумите и студиските програми, што не е во ред. Од страна на приватниот универзитет ФОН има издадено ДИПЛОМА, за завршено Англиски и Француски јазик, а Уверение дека има завршено Италијански јазик.

Се поставува прашањето што констатирале инспекторите? Дали извршиле инспекциски надзор? Или констатирале телефонски… Каде е професионалниот однос на овие инспектори? Директоре на инспекторатот, ова е образовен криминал! Зошто молчите? Каде е одговорноста? На ред е ОЈО…и други институции тоа го очекуваме.

Незаконски поставената ВД директорка во ООУ „Велешта“-Струга, доставила барање за полагање приправнички испит, како и барање до Државниот испитен центар (ДИЦ) за добивање лиценца за директор? А, ДИЦ за сето ова нема евиденција? Оваа институција треба дополнително да се испитува!

Целиот овој предмет е доставен до поранешниот директор на ДПИ, од редовите на ДУИ, градоначалникот Мерко, а во Државниот просветен инспекторат го чувале Африм Саљиу и Бесим Алија.

За целиот овој образовен криминал знае и соучесник е министерот за образование и наука Јетон Шаќири.

Понатамошните истражувања што покажуваат?

Согласно член 115 од Законот за основно образование за постапка за избор на директор, треба да ги исполни условите: училишниот одбор пред истекот на мандатот носи Одлука за објавување јавен Оглас за избор на директор, да не е осудуван, да има пет (5) години работно искуство во воспитно-образовниот процес, соодветно високо образование….

Согласно член 118 од Законот за основно образование за  Вршење на должноста на директор (ВД-директор) се избира цитирам: „Градоначалникот, односно министерот во рок од три дена од денот на разрешување на директор, именува вршител на должноста на директор од редот на вработените во училиштето кој ги исполнува условите за директор“. Понатака, цитирам„ Градоначалникот, односно министерот во рок од пет дена од денот на именување на вршител на должноста на директор, донесува Одлука Училишниот Одбор да објави јавен оглас за избор на директор“, Вршењето на должноста ВД директор не подолго од шест месеци на неговото именување, истото лице едноподруго не може да биде именувано за вршење на должноста директор на основното училиште…

Што се случува во практиката?

  1. Во ООУ„ Гоце Делчев“-Подгорци, за ВД директор е назначен Адем Ајдароски, по втор пат. Истиот не е вработен во училиштето, туку доаѓа од друга организација (надворешен).

Со завршено средно стручно образование Ветеринарен техничар (се занимава со крави и овци). Кој отпосле добива диплома на Струшкиот приватен универзитет на Мерко со завршен Правен факултет?

Истиот е советник во Советот на општина Струга.

  1. Во ООУ„Асим Агуши “ – Радолишта, ВД директор е лицето Атиџе Ајро, назначена по трет пат, која нема работен стаж од пет години.
  2. Во ООУ„Мурат Лабуништа“-Лабуништа, ВД директор е лицето Јасмина Мустафоска, која доаѓа и е примена од ресурсниот центар Битола-образовен асистент, надворешно лице Градоначалникот Мерко ја назначува за ВД директор.

По добивање на согласност во училиштето за психолог, од страна на МОН, односно од министерот Јетон Шаќири. Градоначалникот Мерко за една недела назначува нов Вд директор, за да ја прими на работно место психолог и откога е примена, повторно истата ја назначува за ВД директор, без работно искуство.

  1. Во ООУ„ Браќа Миладиновци“ – Струга, за ВД директор е назначено лицето Албана Жута, вработена во Гимназијата „ Ибраим Темо“ – Струга, како професор по Албански јазик за вд директор. По шест месеци е распишан Оглас како „ единствен кандидат“. На 3 Септември прави една година. Истата нема лиценца за директор.

Од напред наведеното, наместо, министерот за образование Јетон Шаќири, по законски пат, односно согласно Законот за основно образование, му ги одзема ингеренциите на градоначалникот Рамиз Мерко за незаконски постапки, како и за злоупотреба на службената положба и овластување, тој е соучесник на злоупотребата на службената положба.

Но, затоа ја има силата овој министер да му ги одземе ингеренциите на градоначалникот во Вевчани, и повторно, незаконски поставува  за ВД директор, па така: Во ООУ во Вевчани, Министерот Јетон Шаќири му ги одзема ингеренциите на градоначалникот во Вевчани. По превземањето на ингеренциите на општината, Министерот Јетон Шаќири, незаконски, по втор пат го назначува за  ВД-директор лицето Жарко Лешоски од политичката партија СДСМ.

За ваквите незаконски постапки на градоначалникот Мерко, неговиот „слуга“ Јетон Шаќири, кој на струшкиот мерков универзитет го именува незаконски во наставно-научно звање доцент е чин на примитивизам и нецивилизираност.

Затоа, е ред  институциите да превземаат законски мерки  за кривично гонење на градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко и министерот за образование Јетон Шаќири, за злоупотреба на службената положба и овластување.

Во борба против образовниот криминал и корупција!

Во борба против неевропските вредности на ДУИ – СДСМ!

Автор: Ѓорѓи Илиевски, Виш просветен инспектор во пензија за НетПрес