Турција испраќа три авиони со спасувачки тимови и хуманитарна помош во Либија

Турција ќе испрати три авиони со спасувачки тимови и хуманитарна помош во Либија, соопшти турското Министерство за надворешни работи, по големите поплави во либискиот град Дерна во кои загинаа околу 2.000 луѓе.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на својот профил на социјалната мрежа Х објави дека неговата земја ќе испрати 168 спасувачи, две специјализирани возила и два спасувачки чамци во Либија.

Освен тоа, авионите кои утрово ќе заминат за Бенгази ќе бидат натоварени со стотици шатори, генератори, храна, облека и санитарни производи.