Заменик-претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, престојува во Вашингтон каде денес и утре ќе оствари низа средби.
Вицепремиерот Битиќи денес ќе оствари средба со извршниот директор на Меѓународниот монетарен фонд, Пол Гилберс, а потоа во текот на денот ќе се сретне и со извршниот директор на Светска Банка, Кун Дејвидсе, известуваат од Владата.
Во Департментот за финансии на САД, вицепремиерот Битиќи ќе оствари средба и со Брајан Мекколи, заменик помошник секретар за Европа и Евроазија и Ендру Феир, помошник секретар за безбедност на инвестиции во Департментот за финансии.
Денес на агендата на вицепремиерот Битиќи е и средбата со Џафри Пајат, помошник државен секретар за енергетски ресурси во американскиот Стејт департмент.
Во вторник, на агендата на вицепремиерот Битиќи е состанокот со претставници од ACEBA, Американско – Централноевропската бизнис асоцијација и средбата со Дејвид ДеФалко, заменик помошник секретар за Европа и Евроазија во Департментот за трговија, се додава во соопштението на Владата.