Тројца мигранти загинаа а еден е ранет во конфликт во петокот рано наутро во напуштените згради на поранешниот земјоделски имот „Бачка“ кај Хоргош на северот на Србија во близина на границата со Унгарија, објави српската државна телевизија РТС, повикувајќи се на полициската управа. во Кикинда.
На ранетиот мигрант му била укажана лекарска помош.
Конфликтот со мигрантите се случил надвор од Хоргош, но жителите на тоа село се вознемирени и од рано утрово на социјалните мрежи пишуваат за настанот од таа погранична зона со Унгарија. Полицијата е на терен, јавува РТС.
И претходните инциденти кон крајот на ноември минатата година во местото Хоргош на северот од Бачка имаа елементи на вооружен судир во кој потешко беше повреден еден дваесетгодишен мигрант. Во акција којашто следеше пред една година беа приведени околу 600 мигранти, а пронајдени беше и автоматско оружје.
Хоргош е погранично место со бројни салаши во околината, во коишто, како што пренесуваат медиумите на унгарски јазик во Војводина, засолниште наоѓаат мигрантите додека го чекаат илегалното минување на српско-унгарската граница.
Вооружен судир меѓу групи мигранти се случи и на почетокот од јули лани во населбата Макова седмица, во близина на Суботица, исто така крај границата со Унгарија. Тогаш загина едно лице, а повеќемина беа ранети.