Законот за амнестија во четврток на пленарна седница во Собранието

Законот за амнестија по скратена постапка во четврток на пленарна седница ќе се најде пред пратениците. Од СДСМ најавуваат аманадман за да спречат амнестирање на обвинетите за петкратното убиство кај Смилковци, а ВМРО ДПМНЕ најавува дека ќе го блокираат носењето на законот со сите можности кои ги нуди Деловникот.

Лога тврди дека целата на амнестијата била да  се  растеретат затворите, поради лошите услови за престој. Но, неговата заменичка Аврамовска Мадиќ не го дели неговиот став.

Првиот човек на судскиот совет реагира дека со носењето на последните измени на КЗ и носењето на нови законски решенија се прави сериозен упад во судството.

Доколку овој закон добие зелено светло во Парламентот, од вкупно 2114 затвореници, 286 ќе бидат целосно ослободени, а за 996 ќе има делумно ослободување.

Од Министерството велат дека се уште нема бројка колку од 2813 осудени кои чекаат да влезат во затворите ќе бидат аманестирани.