Џамбо-плакати со критики за Урсула фон дер Лајен поставени во Унгарија

Унгарската владејачка суверенистичка конзервативна партија Фидеш во понеделникот постави џамбо-плакати со коишто се критикува претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и ова е првпат таа да биде непосредна цел на кампањата слична на онаа против нејзиниот претходник на должноста Жан-Клод Јункер и против американскиот берзански шпекулант Џорџ Сорос што своевремено го разгневи Брисел.

Во текот на ноќта кон понеделникот поставени се плакатите за кампањата за изборите за Европскиот парламент во јуни следната година кои ја прикажуваат Урсула фон дер Лајен задно со Алекс Сорос, синот на Џорџ Сорос од унгарско-еврејско потекло со контроверзен историјат од Втората светска војна, поодамнешна цел на владејачката партија Фидеш која ги обвинува за мешање во внатрешните политички состојби во Унгарија како и за финасирање на опозицијата, медиумите непријателски расположени кон владата на Виктор Орбан и финансирање неолибералистички политики посебно во сферата на половите и семејството.

Мотото на плакатите гласи: „Да не играме, како што тие свират“. Бидејќи Сорос (Шорош) има еврејско потекло што самиот тој не го истакнува често, критичарите на Орбан и Фидеш сметаат дека тоа е „доказ“ за антисемитизам, што во Будимпешта решително го отфрлаат.

Слични џамбо-плакати кои го прикажуваат Јункер и постариот Сорос предизвикаа во 2019 година гневни реакции на Брисел. Фидеш тогаш ги острани откако најсилната пратеничка групација во Европскиот парламент – Европската народна партија (EPP) се закани со исфрлање на Фидеш, но само го суспендираше бидејќи се стравуваше дека нејзините европратеници ќе се приклонат кон тогаш влијателната пратеничка група на крајната десница и европскептиците. Фидеш, сепак, самиот две години подоцна ја напушти Европската народна партија поради постојаните конфронтации со бирократијата во Брисел и обвинувањата на сметка на Будимпешта за гушење на слободата на медиумите и слободата на изразување првенствено во врска со ЛГБТ заеднацата, владеењето на правото, што за унгарската страна е одговор на ЕК поради неприфаќањето на политиките што ги спроведува Комисијата.

Орбан, чијашто влада се обидува да ги деблокира милијардите евра од заедничките фондови на ЕУ кои Брисел ги суспендираше поради политиките на Фидеш, изјави во саботата дека Унгарија „мора да каже не на сегашниот еввропски модел изграден во Брисел“.

Во Брисел најавуваат дека Унгарија ќе биде во центарот на вниманието на следниот самит на ЕУ кон средината на декември, како земја од Унијата којашто тесно соработува со Русија и е скептична кон плановите Украина да се придружи на блокот со којашто има спорови поради непочитувањето на правата на унгарското малцинство во соседната земја.

Во петокот Унгарците добија анкета за тоа дали Европската унија треба да издвојува уште повеќе средства за Украиан или да ѝ го одобри членството, за што Будимпешта вели дека не ги исполнила ниеден од условите кои се поставени пред другите кандидатки за членство кои со години чекаат и на отворање на преговорите и на прием.