Извозот од Косово намален за 7,2 насто

Извозот на косовските стоки е значително намален оваа година во споредба со истиот период лани. Извештајот за статистиката на извозниот сектор што го објави Централната банка на Косово наведува дека извозот во овој период е намален за 7,2 проценти.

Според податоците на Централната банка во септември годинава трговскиот дефицит на Косово достигна 3,29 милијарди евра што е 4,8 насто.
Увозот на стоки во Косово имал благ пораст за 2,6 насто, се наведува во извештајот.