На неколку часа пред официјалниот старт на првенствениот дуел против екипата на Аталанта, тренерот на Милан, Масимилиано Алегри откри дека „росонерите” ја стартуваат борбата за опстанок во италијанската Серија А.
„Аталанта е незгоден противник, добро организиран. Ова е многу важен натпревар за нас, не смееме да заборавиме дека имаме само 19 бода. Сега кога ќе погледнам позади себе, гледам дека сега статува борбата за опстанок во Серија А. Мора да имаме победнички старт во 2014 година, не смееме да ги повториме грешките кои ги направивме во минатото. Немаме право на нова грешка, на нов кикс. Милан мора да ги освои сите три бода, мора да одиграме сосема спротивно од тоа што го одигравме во изминатите неколку месеци. На сите мора да ни биде јасно дека Милан е поблиску до зоната за испаѓање, отколку до местата кои водат во Европа”, изјави Алегри.