Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вети во средата „силна“ операција во Рафах на крајниот југ од Појасот Газа, откако ќе им се овозможи на цивилите да го напуштат градот во близина на границата со Египет кој одбива да ги прими.
„Ќе се бориме до целосна победа, која вклучува силна акција во Рафах и откако ќе му дозволиме на цивилното население да ги напушти борбените зони“, наведува Нетанјаху во пораката на хебрејски на неговиот профил на платформата за размена на пораки Telegram.
Неговите коментари доaѓаат откако во средата во Каиро продолжија разговорите за примирје меѓу Израел и палестинското вооружено движење Хамас.
Во Рафах, град кој пред војната започната на 7-ми октомври имаше речиси 300.000 жители а сега е претворен во огромен бегалски камп, според податоците на Обединетите нации има околу 1,4 милиони луѓе, повеќе од половината од вкупното население на палестинската крајбрежна енклава, кои се бегалци кои останаа без своите домови во копнената инвазија на израелската војска.
Израелската армија во понеделникот вечерта веќе изведе операција во која биле ослободени двајца израелски заложници, а на палестинската страна, според нивните извори, има ло „околу стотина мртви“.
„Оваа недела ослободивме двајца наши заложници во внимателна воена операција. Досега ослободивме 112 н аши заложници преку комбинација на силен воен притисок и цврсти преговори. Тоа е клучот за ослободување на нашите преостанати заложници: силен воен притисок и многу цврсти преговори. Во оваа смисла, инсистирам Хамас да се откаже од своите илузорни барања. Кога ќе се откаже од своите барања, ќе можеме да продолжиме напред“, тврди Нетанјаху во продолжение од објавата во средата навечер.
Нетанјаху не даде поединости за барањата на Хамас, но според извори на Reuters од палестинското исламистичко движење, тоа повикува на „целосен прекин на огнот“, додека Израел бара пауза во борбите заедно со ослободување на заложниците. Палестинскиот претседател Махмуд Абас во средата го повика Хамас „брзо“ да склучи договор за прекин на огнот, особено за „да се избегне напад“ врз Рафах што „ќе резултира со илјадници жртви“.