Мицкоски оствари средба со раководството на Македонија 2025

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателката Гордана Кочоска Димитриеска, членовите на ИК Сања Божиновска и Трајко Славески, меѓународниот секретар Стефан Андоновски и Зоран Ставрески, остварија средба со раководството на Македонија 2025.

„На средбата беше потенцирана потребата од забрзан економски развој на Македонија и трансформација на државата, владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе овозможи регулативна предвидливост за компаниите, поволен и ефикасен даночен систем и даночна администрација.

Воедно потенцирано е дека владата ќе работи на целосна дигитализација и на институциите и на услугите.

За да се подобри животниот стандард на граѓаните, потребно е да се подобри бизнис климата, што е еден од главните приоритети на ВМРО-ДПМНЕ“, напиша Мицкоски на Фејсбук.