Руското Министерство за одбрана соопшти дека Русија и Украина размениле 103 воени заробеници, пренесува БТА.
Како дел од размената, во Русија се вратени војници заробени за време на украинската офанзива во руската област Курск.
Размената била договорена во преговори меѓу Москва и Киев со посредство на Обединетите Арапски Емирати.
Засега нема потврда за рамената на воени заробеници и од украинска страна.