Вонредното акционерско собрание на Фершпед кое се одржува во Охрид, треба да започне во 11 часот. Денеска ќе се знае дали ќе има промени во структурата на менаџментот на оваа компанија.
Акционерите очекуваат да се средат состојбите во друштвото и да се одговори на неколку прашања поврзани со имотот на Фершпед, уделот во одредени компании, начинот на купување на акции од страна на семејството Накови и слично.
Кираца Трајковска поднесе предлог за отповикување на членови на Надзорниот одбор, така што од денешното Собрание зависи дали некој ќе ги замени Накови.
Во изминатиот период имаше многу превирања околу состојбата во Фершпед. Се продадоа многу акции, а цената за една достигна и до пет илјади евра. Каков ќе биде исходот од се она што се случуваше изминатиот период во оваа компанија, ќе се знае по Собранието.