Актулениот директор на „Македонија пат“ 52-годишниот Гајур Кадриу заврши во болница откако го нападна 63-годишниот Вулнет Палоши, поранешен директор на Фондот за патишта и неговиот син 22-годишниот В.П.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи,инцидентот го започнал професорот Палоши, кој почнал да го удира Кадриу со тупаници и клоци, а во нападот подоцна му се придружил и синот.
Од ударите Кадриу се здобил со видливи повреди, по што му е укажана лекарска помош во Градска општа болница „Св. Наум Охридски“ каде се констатирани тешки телесни повреди.
Инцидентот се случил околу 13 часот во холот на Градежниот факултет за време на свеченоста по повод 45 години од основањето на Друштвото за патишта на Република Македонија доби и посебно признание за својот придонес.
Полицијата работи нa целосно расчистување на случајот, и двете страни ќе бидат повикани на разговор.