Министерот за образование и наука Арбер Адеми во дебатниот магазин „ЕУ клик“ на ТВ21 посочи дека оваа несреќа претставува можност за да се ангажираат во насока на онлајн настава.
„Престижните универзитети рангирани високо на ранг-листата на универзитети на светско ниво, и во нормални околности, значителен дел од наставата ја организираат онлајн. Така што, ова несреќа претставува можност, како што рекоа на почеток, да се ангажираме во оваа насока – да го доградиме нашиот национален образовен систем, давајќи вакви услуги и вршејќи ја образовната дејноста и во овој правец. Но, како и да е, сепак има предизвици, што и да направите во образование ќе има предизвици и ќе има критики, бидејќи и критиките држат вода некогаш. Сега за една или две недели ќе се отворат темата околу тоа дали овој начин на организирање на наставниот процес гарантира квалитет. Вакви теми ќе се отворат по една или две недели“, вели Адеми.