Адолф Хитлер победи на изборите во Намибија

Политичарот Адолф Хитлер Унона победил на регионалните избори во Намибија.
Унона освоил 85 проценти од гласовите и влегол во регионалниот совет како претставник на владејачката партија „Народна организација на Југозападна Африка”.

“Не сакам политичка моќ и немам намера да го освојам светот, ја прокоментирал својата политика Адолф Хитлер Унона.

Според неговите зборови, неговиот татко не сфаќал за какви историски настани е врзано името Адолф Хитлер.

Сепак, тој смета дека е многу доцна да го промени името. Неговото семејство едноставно го нарекува Адолф Унона.

Намибија долго била германска колонија. Германскиот јазик и денеска е еден од националните јазици во оваа земја и се смета за основен јазик во неколку региони во Намибија. Бројни улици, места и луѓе и натаму имаат германски имиња.

Германските војници меѓу 1904-та и 1908-ма убиле околу 65.000 луѓе од племето Хереро и околу 10.000 од племето Нама во текот на крвавата кампања за сузбивање на локалните бунтовници.