Адвокатот во случајот против Трамп уапсен поради обид за изнуда

Адвокатот Мајкл Авенати, кој ја застапуваше порно-актерката Сторми Даниелс во нејзината правна битакс против американскиот претседател Доналд Трамп, уапсен е во понеделникот и е обвинет дека се обидел да изнуди околу 20 милиони долари од прозводителот на спортска опрема „Nike“.

Канцелариите на државните обвинители на Њујорк и на Лос Анџелес одвоено подигнале обвиненија против Мајкл Авенати. Калифорниската канцеларија го обвинува дека проневерил пари на клиент за да ги покрие сопствените долгови, како и дека користел лажни поврати на даноци за да добие од банка заем во висина од неколку милиони долари.

Њујоршкиот обвинител, пак, го обвинува дека со еден соработник, чиешто име не е наведено за јавноста, се сретнал со адвокатите на „Nike“ на 19-ти март годинава и се обидел да изнуди компанијата да им плати меѓу 15 и 25 милиони долари, како и дополнителни 1,5 милиони долари за клиентот на Авенати, заканувајќи се дека ќе ги изнесе во јавноста обвинувањата против компанијата. Авенати имал уште еден состанок со адвокатите на „Nike“, кога им се заканил доколку не ги исполнат неговите барања.

Целата работа е откриена откако Авенати напишал на Twitter дека во вторник ќе одржи прес-конференција на којашто ќе открие голем снакдал во средношколската (колеџ) кошарката, кој дошол од „највисоките нивоа“ на Nike.

Од компанијата засега не одговориле на прашањето на Reuters да го коментираат случајот.

Авенати стана познат како адвокат на Сторми Даниелс, порно-ѕвездата којашто го обвини Трамп дека ја исплатил кусо пред кампањата за претседателските избори во 2016 година за да молчи за нивната наводна афера. Американскиот претседател негира дека имал врска со Данмиелс.