Како да новите врски не се доволно компликувани сами по себе, романсата на работа носи уште неколку замки кои можат да имаат сериозни последици. Почитувајте ги овие пет „закони“ за да го сочувате работното место и угледот.
Истражувањето на магазинот „Female First“ покажало дека 27 отсто од испитаниците сметаат дека нема ништо лошо во романса на работа. Но, дека има одредени правила кои мора да ги следите.
Истражете
Пред да му се обратите на презгодниот колега кој секој час го поздравувате во ходникот или го гледате во лифтот, распрашајте се кај колегите кај кои имате доверба или побарајте ги основните податоци на интернет. Уште една работа е многу важна, особено во помали фирми – какви се правилата за врска на работа.
Бидете традиционални
Без оглед на сите можни начини за комуникација денес, првиот контакт не го правете преку електронска пошта или СМС порака. Почекајте згоден момент па почнете го разговорот и договорете се за кафе после работа. Состаноците на работа кои не се службени може да предизвикаат трачеви, а тоа не го сакате.
Бидете дискретни
Не гледајте премногу низ розови очила по неколку состаноци и сите да им разгласите дека сте во врска. Почекајте да стане посериозно, бидејќи во спротивно ќе имате чувство дека сте во нова врска со целата канцеларија, а секој ќе има мислење што нема да се штеди да го каже. Тоа е неизбежно.
Без секс на работа
Заборавете на сцените од филмовите во кои се одигруваат страствени секс сцени на бирото или во лифт. Колку и примамливо да изгледа и делува како авантура останете професионални. Никогаш не знаете кој ќе ве види и ќе ја рашири приказната, а санкциите за такво однесување во некои фирми се особено сериозни.
Молчете
Секако дека кога тогаш ќе мора да ја откриете вашата врска со колегата или колешката, но бидете особено внимателно со деталите кои ги споделувате. Речиси нема место на светот каде колегите на работа не сакаат да се „издуваат“ со некој трач. Затоа е попаметно чувствата и слатките детаљи да ги поделите со пријателите надвор од работното место, а со колегите споделете го само она неопходното.