Само неколку часа откако и официјално стапи на функцијата технички премиер и исто толку часови откако изјави дека нема како што кажа „комплекс со што доаѓам, дали со мерцедес или приватно ќе си одам дома“ владиниот автомобил кој од денеска го превезува Талат Џафери, беше паркиран на градскиот плоштад, објави Слободен печат.
„Иако е строго забранет сообраќајот на скопскиот плоштад за сите видови возила, глетката беше несекојдневна, бидејќи платото пред познатиот скопски ресторан беше опколено од службеното обезбедување на техничкиот премиер“ пишува порталот Слободен Печат.