Џафери да не се дрзнува да ја отфрли иницијативата за Референдум, да се почитува чл.67 ст.1 и да се дозволи негово одржување

Џафери да не се дрзнува да ја отфрли иницијативата за Референдум, да се почитува чл.67 ст.1 и да се дозволи негово одржување, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Согласно чл.67 ст.1 од Законот за референдум, Иницијативата се предава до претседателот на Собранието, како што е и направено со оваа Иницијатива за распишување на референдум со цел престанок на важењето на Законот за ратификација на Договорот со Бугарија.

Потенцираме дека власта нема правен основ да го отфрли барањето на ВМРО-ДПМНЕ.

Доколку се впуштат во било какви обиди за опструкции, тоа ќе биде само показател дека се свесни дека на Референдумот нивните политики ќе доживеат дебакл и дека огромно мнозинство од народот ќе бара поништување на Договорот со Бугарија.

Власта да не се обидува да опструира, туку да смогне демократски капацитет и да дозволи народот да се изјасни, се вели во соопштението на партијата.